(ВИДЕО) “Ладен туш” од Брисел- Јункер ја откажа средбата со Груевски поради развојот на ситуацијата во Македонија

од desk3
94 прегледи

 

Портпаролот на Европската Комисија Мина Андреева на денешната прес конференција во Брисел информираше дека Претседателот на Европската Комисија Жан Клод Јункер ја откажал средбата со премиерот на Република Македонија Никола Груевски, која претходно беше најавена за во четврток.

Според Андреева, во моментов не е соодветно да има средба поради развојот на ситуацијата во Македонија.