Леонардо ди Каприо беше гостин на Папата Фрањо, соопштија на официјалната страница на Ватикан.

На средбата актерот му подарил на Папата книга на која се прикажани различни слики од ренесансата.
Во разговор меѓу двајцата, Леонардо ди Каприо, вели дека “како мал не разбирал што точно изразуваат цртежите”, но во моментов гледа на нив поинаку“.
Сликите се на холандскиот сликар Јеронимос Бош, а повеќето ги отсликуваат гревовите и моралните падови на луѓето.
Некои од прикажаните симболи се користени и во иконографијата.
Освен за уметност, Папата и актерот разговарале и за прашања поврзани со заштитата на животната средина.