144
Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов, објави видео во живо на „Фејсбук“ од вечерашната акција во липковското село Никуштак, каде шумските и регуларните полицајци запленуваат нелегално исечени дрва.
„Овде на терен заедно со нашите вработени се шумската полиција и припадниците на МВР“, пишува Михаилов, кој дава и изјава во видеото, објаснувајќи дека секаде во државата, на ист начин ќе одговорат на криминалот со дивата сеча на македонските шуми.