(ВИДЕО) Мадона не го откажа концертот, но запеа на француски

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Aмериканската поп-дива Мадона на француски ја запеала познатата нумера „La vie en rose“ на концертот во Стокхолм во чест на настраданите во терористичките напади во Париз.Pour-les-victimes-de-Paris-Madonna-chante-La-Vie-en-rose (1)

Мадона случувањата во Париз  ги нарекла трагичен масакар и апсурдно одземање на животи. На публиката и признала дека се размислувала околу тоа дали треба да ја продлжи европската турнеја насловена „Rebelheart tour“.

Концертот во Стокхолм го одржала 24 часа по масакрот во Париз, пред 40.000 публика.

– Ме растревожи тоа. Но токму тоа  злосторниците сакаат да го постигнат, да не замолчат. Нема тоа да го допуштиме – изјавила Мадона и потоа со гитара на француски ја испеала „La vie en rose“ една од најпознатите песни на Едит Пјаф.