Мадона е икона во музичкиот бизнис и нејзината појава секогаш предизвикува интерес кај публиката. Нејзиниот настап за време на вчерашните награди “Брит” , кои се одржаа во Лондон, исто така сигурно наскоро нема да бидат заборавени.
Кралицата на попот претрпе целосна фијаско,падна од сцената на грб . Гафот за време на долгоочекуваниот настап на Мадона ја шокираше дури неа самата, судејќи по здрвеното нејзино лице по падот.
56-годишната ѕвезда за кратко престана да пее , но брзо се созема и продолжи како вистински професионалец. Без сомнение, Мадона е многу разочарана од она што се случило.
Извор сподели со Daily Mirror: “Таа се трудеше многу, за да подготви одлично шоу. Таа работеше на секој час, ден и ноќ, за да се осигура дека ќе биде дел од шоу за кое секој ќе зборува и ќе твита” . Па, желбата на Мадона се исполни, но не на начинот на кој таа сакаше.