(видео) Мадуро: Борел е расист, колонијалист и подбуцнувач на војни

За потсетување, на отворањето на Европската дипломатска академија во Бриж во 2022 година, Борел ја претстави својата визија за ‘привилегирана Европа’.

од Бети Божиноска
276 прегледи

Европската Унија продолжува да негува колонијалистичка визија за Латинска Америка, истакна вчера венецуелскиот претседател Николас Мадуро во обраќање до нацијата, опишувајќи го европскиот шеф за надворешна политика Жозеп Борел како „воинствен“ и „расист“.

„Жозеп Борел, на пример, е расист, тој е колонијалист и подбуцнувач на војни иако е политичар ‘кој наводно доаѓа од левицата’“, истакна Мадуро.

„Сите тие луѓе нè гледаат со презир од колонијалистичка перспектива, нè гледаат од високо. Затоа ги исфрливме сите одовде, колонијалистите… Моравме да организираме војска и да стигнеме до Ајакучо за колонијализмот засекогаш да ја напушти оваа земја,“ додаде Мадуро и потсети на војните за независност во Латинска Америка.

За потсетување, на отворањето на Европската дипломатска академија во Бриж во 2022 година, Борел ја претстави својата визија за ‘привилегирана Европа’, која ја замислува како градина додека светот околу неа е џунгла, способна грубо да го наруши совршено функционалниот европски механизам.

Покрај тоа, во интервју за „Гардијан“ минатиот септември тој ја спореди ЕУ со „тревојад во свет на месојади“.

 

Слични содржини