Мајли Сајрус објави обраќање до новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп на страницата на Facebook.
Во него ѕвездата низ солзи го моли да се однесува со љубов кон луѓето.
Пејачката и актерка пред извесно време рече дека ако Трамп победи на изборите, ќе ги напушти САД. Првично таа ја даде својата поддршка за Берни Сандерс, а подоцна и за Хилари Клинтон.
Во видеото ѕвездата вели дека уште смета дека Клинтон треба да стане првата жена претседател на САД и дека токму таа е нејзината инспирација.
Мајли вели исто дека го прифаќа Трамп, колку и да е болно за неа, но со барање да се однесува кон луѓето со љубов, сочувство и почит. Тогаш и таа ќе го стори истото за него.