ВИДЕО: Македонското и украинското знаме се веат на зградата на МНР

од Берта Китинска
241 прегледи

Денеска повеќе од 50 Украинци на плоштадот Македонија со украински и македонски знамиња ја пееа украинската химна како дел од глобалната акција за постигнување светски рекорд за инведување на химната.

Во чест на Денот на независноста на зградата на МНР се веат македонското и украинското знаме, објави шефот на дипломатија Бујар Османи на Фејсбук.

„Соодветно на одлуката за совесно енергетско однесување и заштеда на електрична енергија, наместо осветлување на фасадата, денес го поставивме украинското знаме на зградата на министерството. Симболичен начин да укажеме солидарност и почит за храброста на украинскиот народ со која ја бранат слободата и споделените демократски вредности“, напиша Османи упатувајќи честитка на Денот на независноста на Украина.

Слични содржини