Сопругата на поранешниот пратеник, Јани Макрадули, е на списокот спорни гласачи во Државната Изборна Комисија. Поради ова, тој на својот фејсбук профил побара оставка од сите во ДИК. Во интервју за 24 Вести вели дека хаосот ќе продолжи, а списокот не може да се прочисти на време за да се спроведат фер избори во декември.
