Седумгодишната Дарија Врачевич со емотивниот настап успеа да го расплаче жирито во првата полуфинална вечер на „Пинкови ѕвездички“.
Таа ја испеа песната на Џорџе Балашевич „ Само да рата не буде“, а нејзината зрела и емотивна изведба не го остави никого рамнодушен.
(ВИДЕО) Настапите на Мартија, Елена и Антонија на првата полуфинална вечер на Пинкови ѕвездички
„Никогаш не си пеела подобро, си станала сериозна пејачка. Она што е најзначајно во твојот настап е што секој може да ја разбере пораката на оваа песна, бидејќи нема генерација која не преживеала војна. Јас се надевам дека ни ти, ниту нашите деца нема да мораат да поминат низ тоа“ -рече Гоца Тржан по настапот на Дарија.