(ВИДЕО) Мараја, Адел, Селена, Лејди Гага, Елтон Џон и уште ѕвезди ја пеат „All I want for Christmas“ во автомобил

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Карпул караокето (Караоке во автомобил) на Џејмс е една од најзабавните шоу програми во моментов на телевизиските екрани, а во него до сега имавме можност да гледаме многу светски ѕвезди како заедно со него се забавуваат во автомобилот пеејќи ги нивните омилени песни додека одат на “радио“.

Секако дека во духот на Божиќ, тој покани посебна ѕвезда која “ќе му го покаже патот до работа“! А, таа специјална ѕвезда не може да биде никој друг освен изведувачот на број 1 новогодишниот хит со години наназад “All I want for Christmas“, Мараја Кери.

Но, за видеото да биде уште позабавно, не само Мараја, туку оваа супервесела песна ја отпеаја во автомобилот и Адел, Лејди Гага, Елтон Џон, Селена Гомез, Деми Ловато, Гвен Стефани, дечките од Ред Хот Чили Пеперс, Крис Мартин… А, како тоа изгледа и звучи, погледнете самите во видеото.