Таа стана ѕвезда во Австралија откако се појави на ТВ серијата “Neighbours”, па потоа започна успешна кариера во Холивуд.
Но Марго Роби, во емисијата на водителот Џими Фалун, откри дека како помлада, поминала низ многу чудна хеви метал фаза.
Како тинејџер таа била обожавател на бендовите “Silverstein” и “Bullet for my valetine” и тврди дека омилен бенд и бил “Slipknot”. Таа исто така откри дека си ја фарбала косата црна и си ја сечела со жилет.
26-годишната глумица додаде: “Бев на концерт на Slipknot и до ден денес, тоа беше најверојатно еден од најдобрите концерти на кои сум била некогаш.”
Во тоа време, Марго беше еден од главните ликови во серијата “Neighboors”. Таа раскажува дека не и било верно кога фанови на “Slipknot”, вклучувајќи и огромни момци со тетоважи и пирсови, ја прашувале да открие детали од серијата.
Марго Роби се стекна со светска слава појавувајќи се покрај Леонардо Дикаприо во филмот “The wolf of Wall Street”, а нејзината последна успешна изведба е во улогата на Харли Квин во блокбастерот “Suicide Squad”.