(ВИДЕО) Мартија е повторно брилијантна и трета Македонка во следниот круг на Пинкови ѕвездички

од Vladimir Zorba
250 прегледи

Со Мартија Станојковиќ се затвори петтиот круг со сите три Македонски во следната фаза од натпреварувањето на Пинкови ѕвездички. Како останатите две наши претставнички, и таа ги доби сите 5 столици горе од жирито и сето воодушевување и поддршка.

(ВИДЕО) Елена Бимбиловска е првата Македонка во шестиот круг на Пинкови ѕвездичкиMartija-Stanojković-Vlak

(ВИДЕО) Антонија Гиговска со макфестовски хит освои 5 пинкови ѕвездички

Мартија од Куманово овој пат ја испеа маестрално песната „Влак“ на Зана.

11 годишната девојка е нашата најмлада претставничка која минатата емисија сите ги доведе до солзи со изведбата на “Writings on the wall“. А, овој пат уште додека пееше Гоца рече „Оваа мала мене ќе убие“, алудирајќи на нејзиниот неверојатен талент.

(ВИДЕО) Кумановката Мартија го дигна жирито на нозе во солзи со изведба на Сем Смит

Јелена пак порача: „Јас не знам до каде ќе расте таа љубов кон тебе, од емисија во емисија таа е сè поголема. Ме воодушевува и начинот на кој пееш, се однесуваш и зрачиш. Браво, маестрално“.

Милан рече: „Убива на место. Светски изглед“.

„Ти имаш секогаш нешто ново да дадеш, се однесуваш во склад со песната. Неверојатна си, и така ја разбираш оваа професија. А, тоа не се учи, со тоа се раѓаш. Ти си се родила за тоа, би бил светски грев да не станеш светска ѕвезда. Ти си единствена која е во ова шоу комплетна.“

Хари потврди, дека нејзиниот настап е толку комплетен, што таа е единствена.