(ВИДЕО) Мартија Станојковиќ со најоригиналната изведба на Đelem đelem што сте ја слушнале

од Vladimir Zorba
155 прегледи

Нашата Мартија Станојковиќ со секој настап вади нешто оригинално и ново од себе, што не дозволува ниту еднаш да останеме рамнодушни на нејзината изведба.Martija-Stanojković-Đelem-đelem

Овој пат 11 годишната кумановка ја избра познатата фолклорна песна„Đelem đelem“, но во сосема поинаков џез аранжман, кој го отпеа маестрално.

„За тебе нема што да се каже! Ти си неверојатна и најкомплетна од сите изведувачки: од сценски, актерски, вокален, секој аспект!“ ги повтори своите зборови Гоца. „Ти си мојот победник во секоја смисла на тој збор! Бидејќи постои во тебе нешто неверојатно. Твојата сугестивност и со која леснотија ти на нас ни се обраќаш. Тоа е невројатно.“

„Дајте му некоја стипендија на детето и одма пратете го во Америка, на Беркли некаде. Ти си таков талент и таков капацитет што веќе сега ги премина балканските граници. Многу е голема штета тоа некој да не го види, надвор од овие граници. Ние сме свесни за таа големина. Многу е чудно што ова го зборуваме на 11 годишно дете, но те гледам како рамна на мене. Ми изгледаш ментално позрела од останатите натпреварувачи “ рече Леонтина.

(ВИДЕО) Елена Бимбиловска ја натпеа Сиа и ги доби сите 5 столици

„Таа е магична.Еве уште еден пример. Таа исто така помина низ многу жанрови во текот на ова натпреварување и во секој е беспрекорна. И потоа мислиш нема понатаму, и тогаш таа го отпејува ова вечерва, на ваков начин. За да ти замрзне крвта. Навистина си посебна. Ова можеби вечерва и беше победнички настап“, порача Елена.

„Убаво реков, нема тука што битно да се каже. Ќе останам доследен на она што го реков, како што плачев како баба сега ќе ти речам, да си жива и здрава и блазе си ѝ на мајка ти што те родила!“, рече Милан.

„Тешко е нешто да се каже кога нешто е толку совршено. А ти одат зборовите кога сакаш некого да искритикуваш, а сега занемев кога сакам да те пофалам. Прво, волку професионален настап во овие две сезони не сум видел, и се на тебе пофалувам. Толку имаше содржина на тебе, толку имаш сугестивност, имаше 5 врвни елементи. Професионално, до болка.“, заклучи Хари.