(ВИДЕО) Мартија Станојковиќ во дуел со Марко за победа на Пинкови ѕвездички

од Vladimir Zorba
121 прегледи

Mартија Станојковиќ се најде во битка со Марко Бошњак за победата во втората сезона на Пинкови ѕвездички. Од десет натпреварувачи преку 5 пресеци, гласовите на публиката доведоа до финален дуел помеѓу Мартија и Марко како апсолутни фаворити од самиот почеток на шоуто.pinkove-zvezdice-foto-printskrin-1467577861-942595

Мартија во суперфиналето настапи 5 пати, притоа најпрвин претставувајќи се со хитот “Radioactive“, потоа “Roma Bangok“, па светскиот хит “The heart wants what it wants“, за да ги воодушеви сите со изведбата на  „I don’t wanna miss a thing“ и на крајот повторно воодушеви со “Writings on the wall“.

Антониа Гиговска се пласираше на 7 место во суперфиналето на Пинкови ѕвездички

“Мартија ти носиш светски дух, ти си една опасница, ти си небесница, за тебе само небото е лимит“, ѝ рече Леонтина. 
pinkove-zvezdice-foto-printskrin-1467591923-942663

По последната изведба Јелена ѝ порача дека дури и поубаво го извела хитот на Сем Смит од претходниот нејзин можеби и најзапаметен настап, а Милан јавно призна дека Мартија е неговата миленичка од оваа сезона.

 

12 годишната Мартија не можеше да поверува дека го доживува овој успех и неколку пати сподели меѓу настапите дека се чувствува неверојатно.

Во продолжение може да ги проследите сите феноменални настапи на Мартија во суперфиналето, во кои таа не престана да танцува, да се дава целосно себе си на публиката и да пее со сета душа и покрај тоа што шоуто траеше до раните утрински часови.