Затворен е просторт како и небото над градот, преговорите се во ќорсокак, снајперистот вели дека ќе рани и убива уште од нас, изјави шефот на полицијата
Продолжува престрелката меѓу полицијата и снајпериста, кој е опкружен во центарот на Далас. Вееќе и 5 та жртва воп пукањето, настанато за време на протест против полициското насилство, Жителите на градот велат дека слушнале и експлозија, пренесува “Мирор”.Иако има приведени веќе тројца осомничени за пукањето кои според зборовите на локалната полиција дејствувале како снајперисти, еден продолжува да пука и да им се заканува по пристигнатите специјалци Тој се колне дека ќе се обиде да увие колку што е можно повеќе од нив.
Четвртиот полицаец почина во 2 часот. Наутро по локално време.Пред тоа загинаа негови колеги и транспортен службеник. Ранета е и една жена – Шетамија Тејлор, која се обидувала да го скрие деца од куршумите. Најмалку уште петмина цивили и седум униформирани се повредени.
Полицијата преговара со последниот снајперист, но тој одбива да соработува. “Вели дека ќе рани и убие уште од нас”, соопшти началникот на полицијата Дејвид Браун. Во исто време експерти за експлозиви го пребаруваат реонот за поставени бомби. Претходно се појави информација дека осомничениот се обидел да избега во реонот на колеџот “Ел Централ”.
На минувачите им е кажано да се повлечат, а малку потоа се слушнала моќна експлозија. Во приказни на очевидци на Твитер, таа се огласило со дробење на стакло.
Американската федерална авијација ги ограничи летовите над Далас. “Дозволени во воздушниот простор се само помошни воздухопловни операции под раководство на полицијата во Далас”, се вели во соопштението. Ограничувањата се во сила до 1130 GMT и опфаќаат радиус од 2,5 наутички милји. Во меѓувреме мажот, чија слика беше распространета на потерница, веќе е ослободен од полицијата. “Можеа да ме убијат”, изјави за медиумите Марк Хјус.
Тој се заколна дека нема да го напушти градот и ќе го брани семејството. Тој им ги предал на органите на редот пушката со која беше снимен да оди на протест. Инцидентот се разигрува во непосредна близина на местото каде што на 22 ноември 1963 година беше убиен американскиот претседател Џон Кенеди