72
Косовската полиција соопшти детали за масовната тепачка што се случила меѓу млади луѓе на автобуската станица во Урошевац. За случајот во полиција се приведени три лица, двајца како осомничени и едно како сведок ,објавија косовските медиуми
„Полициската станица во Урошевац добила информација за физичка пресметка меѓу неколку лица што се случила на автобуската станица на улицата „Ахмет Качику“ во Урошевац. Досега во полиција се приведени три лица, од кои двајца како осомничени и сведок“, велат од полицијата.
На видео снимките кои го објавија косовските медиуми се гледа како учесниците во тепачката се удираат немилосрдно со безбол палки