121
Веројатно нема човек кој не ја прочитал романтичната книга „Однесена со виорото“, а уште помалку некој што не го погледнал истоимениот американски филм.
29 актери и најголеми холивудски имиња на денешницата, за магазинот W, прифатија да снимат како би изгледал кастингот за овој филм ако се спроведуваше денес, но со сменети улоги.
Една од најпознатите сцени на филмот со култната реплика “Frankly my dear, I don’t give a damn“, ja одиграа Кејт Бланшет, Шарлиз Терон, Ричард Гир, Руни Мара, Џејн Фонда и уште многу други. Притоа мажите ја имаа задачата да ги изговорат зборовите на Вивиен Ли, а жените на Кларк Гејбл.
На оригиналната сцена можете да се потсетите со видеото подолу.