(ВИДЕО) Медицинска сестра наполни 90 на работното место

од Vladimir Zorba
73 прегледи

Американска медицинска сестра прослави 90-годишнен јубилеј на работното место во болницата.seesee-rigney-opener

Трудовата кариера на Флоренс Ригни од Тахома, држава Вашингтон, започнува во далечната 1946 година. Дури и на 90, таа продолжува да работи и до денес, иако веќе само по два дена неделно. Честитки за својот роденден Флоренс доби од своите колеги, како и од гувернерот на државата Џеј Инсли.

“Кога утрово алармот заѕвони и се разбудив, си реков:” Боже мој, веќе имам90! Едноставно неверојатно! Сите овие години поминаа како момент “, изјави Флоренс.

Американката се пензионирала на 67-годишна возраст, но само 5 месеци подоцна се вратила на работа, сфаќајќи дека професијата и е сè за неа.