(ВИДЕО) Меланија покажа груб однос кон Трамп

од Vladimir Zorba
155 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп е на прва официјална прекугранична посета откако е на функцијата.

Со него е неговата сопруга Меланија, како што гласи протоколот, а исто и неговата ќерка Иванка и многу други официјални лица. Чекорите им ги следеа во живо сите светски медиуми. И покрај целото внимание сепак, првата дама на САД направи огромен скандал. Мелани си дозволи да удри по раката сопругот неколку минути откако слетаа во Тел Авив на нивната официјална посета на Израел и Палестина.

https://www.youtube.com/watch?v=SRPx0CIzAKM

Додека првото семејство одеше по црвениот тепих на аеродромот, Меланија заостана и Доналд Трамп подаде раката кон неа, за да ја фати. Првата дама на САД сепакго плесна во раката нејзиниот сопруг и продолжи да оди зад него. Не станува јасно дали гестот на Мелани се должи на неизвесноста во семејството или таа едноставно ја одбива раката на нејзиниот сопруг, бидејќи тепихот не е доволно широк за да одат рака под рака, коментираат светските медиуми.

Ситуацијата секако е многу непријатна. Минута подоцна двајцата сепак се фаќаат за раце, но овој гест сосема не е доволен за да го “испере” впечатокот што исклучително елегантната инаку Мелани го остава со грубиот гест.