Прес конференција, СДСМ
Борјанчо Мицевски, претседател на ОО СДСМ Крива Паланка
Крива Паланка, 30.06.2016 г.
Почитувани,
Сите стравувања и сомнежи за виртуелната инвестиција и виртуелното ветување на Груевски за ВЕИБО во Крива Паланка за жал станаа сурова реалност.
Денес, од погонот на ВЕИБО се отпуштени дури 135 работници, а се најавуваат отказни решенија на дополнителни 160 во месец август.
Во моментот кога овие вработени требаше да наполнат 6 месеци работен стаж и да се стекнат со право на годишен одмор, менаџерскиот тим им подели отказни решенија и ги одјави два дена претходно, без право на жалба.
Криминалните политики на Никола Груевски создадоа лоша бизнис клима во земјава.
Странските инвеститори заминуваат, се делат отказни решенија.
Заради недомаќинсктото и расипничко владеење на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ уште 135 семејства останаа без основна егзистенција.
Ова е катастрофа за овој регион од земјава затоа што пред неколку месеци без егзистенција останаа и околу 1.000 рударски семејства од Тораница и Злетово.
Го повикувавме Груевски да не ги лаже граѓаните и да не си игра со нивната судбина. Но за Груевски граѓаните очигледно не се важни.
Јавно соопштивме иницијатива да се направи контрола на грубото кршење на работничките права, прекувременото работно време, малтретирањето на работното место и ниските примања.
Додека Груевски и неговата власт секојдневно лажат за виртуелни инвестиции и се занимаваат со тендери, бројот на луѓе кои остануваат на улица постојано расте.
Граѓаните очекуваат одговорност и одговори.
Само за потсетување, вкупната инвестиција требаше да изнесува 400 милиони долари, а бројот на нови работни места да биде 5.000.
Ова е уште една потврда дека виртуелните инвестиции на Груевски носат нула работни места и крајно лоши услови за работниците!
Од владеењето на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ има над 45 проценти сиромашни граѓани во Источна Македонија, блокирани и ликвидирани фирми, блокирани и празни тековни сметки во минус, празни и напуштени слободни економски зони, распаднати болници и млади коишто секојдневно ја напуштаат државата.
Македонија е земја со најголем број на неуспешни слободни индустриски зони по глава на жител.
Затоа на Македонија и се потребни демократски промени. На расипничкото и недомаќинско работење му доаѓа крај. Секој што го прекршил законот ќе одговара
