113
Добра вест за фановите на Stranger Things (а такви се многу), кои веруваме дека се во нетрпеливо исчекување на втората сезона од серијалот, дојде од музичкиот свет денеска. Мили Боби Браун (или попозната како 11) се појави за прв пат во музичко видео.
Англиското диџејско дуо Сигма, кое летово гостуваше во Македонија, ја промовираше својата нова песна”Find Me,” во соработка со пејачката Birdy денеска.
И токму 12 годишната актерка се појавува во видеото исполнувајќи ги зборовите на вокалот со неверојатниот прогонувачки интензитет по кој ја паметиме од улогата на Елевен. Видеото што е во режија на Кристофер Симс, кој има соработувано со ѕвезди како Ашер, Лудакрис и Дејвид Гета, можете да го погледнете подолу.