(ВИДЕО) Мина Блажев со неверојатна изведба на “Бегај бегај“ влезе во следен круг на Пинкови ѕвездички

од Vladimir Zorba
112 прегледи

Мина Блажев со својата прекрасна изведба на хитот на Каролина Гочева “Бегај бегај“ успеа да си обезбеди директен влез во следниот круг од натпреварувањето на „Пинкови ѕвездички“.

13 годишната скопјанка, настапи во минатата емисија и за многу кусо време од настапот ги испровоцира сите 5 члена на жирито да ги подигнат своите столици и да го дадат својот глас за неа.

Дури и самата Каролина го сподели изутринава нејзиниот настап пропратен со пораката “Браво Мина, ти си наша гордост“.

Како звучеше и изгледаше, погледнете во видеото.