(ВИДЕО) Млад Русин стана мајка на мече, кое останало без родители

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Малото животно било откриено на дрво.

1464111542-clipboard01

Млад човек “посвои” тримесечно мече во Русија. Малото животно било откриено на дрво во близина на северното руско село Седју. Се смета дека мајка му била убиена од ловокрадците.
Павле Василиченко го зел реткото животно и решил да се грижи за мечето додека зајакне и стане доволно силно за да биде сместено во посебен резерват за рехабилитација на мечки, а потоа вратено во дивината во Тверскиот крај.

Мечето се уште се храни како од мајката, кога тие биле разделени. Сега Павле му прави посебен микс.