Сте се запрашале ли некогаш како ќе изгледате за 50 години? А, вашиот партнер?
Мејкап артистот Stephanie Nadia, во гореприкажаното видео прави еден експеримент во кој млади двојки се подложуваат на нејзината вешта рака и таа се обидува да ги трансформира во 50+ годишна верзија на себе.
Потоа, откако ќе се видат самите и здраво ќе се изнасмеат, паровите си се покажуваат меѓусебно. Прашањето е, ќе се сакате ли по 50 години?
Одговорот погледнете го во видеото.