(ВИДЕО) Над 100 лица загинаа во серија напади во Сирија

од desk3
76 прегледи

Најмалку 101 лице загинаа во серија напади во два од бастионите на сириската власт – медитеранските градови Тартус и Џебла. Тоа го соопшти Сирискиот центар за човекови права.

Во Џебла бројот на загинатите е 53 лица. Во Тартус починале 48 лица. Вкупно седум речиси истовремени експлозии имало во двата града.

https://youtu.be/h_ujf8lBpQQ

Одговорност за тешките напади ја презеде “Исламска држава”, соопшти блиската до групата новинска агенција “Амак”. “Нападите на” Исламска држава “удрија врз собири на алавити во Тартус и Џебла на морскиот брег на Сирија”, соопшти агенцијата на социјалната мрежа Twitter.

Алавитите се исламско верско малцинство на територијата на Сирија и други земји, чиј припадник е и претседателот Башар Асад.