(ВИДЕО) Над: 6.000 слободни работни места, платите во просек до 15.000 денари

од Vladimir Zorba
81 прегледи
Бројот на слободни работни места во второто тримесечје годинава изнесува 6.687, објави Државниот завод за статистика, а пренесе 24Вести.
Најмногу работници се бараат во секторот преработувачка индустрија, во трговијата , и во угостителските дејности. Според регионите, пак, намјногу или 3.300 слободни работни места нудат фирмите во скопскиот регион, а потоа следи југоисточниот со 800, додека најмали шанси за вработување има во североисточниот и полошкиот регон каде отворени се 200 до 300 работни места.
Според групите на занимања најголем број на слободни места има во услужните дејности и продажбата или 2.300, потоа следат техничарите,  ракувачи  на машини и службениците. Се бараат 350 стручњаци и научници, а за воените занимања има 12 слободни работни места. Се бараат и 18 државни функционери, дипломати или директори.
занимања                                                             слободни работни места
работници во услужни дејности и продажба      2.398
техничари и сродни занимања                               903
ракувачи и составувачи на машини и постројки 959
службеници                                                              642
стручњаци и научници                                            359
воени занимања                                                          12
членови на законодавни и извршни тела,
државни функционери, раководни државни
службеници, дипломати и директори                       18
Најголемиот број на работници се бараат во секторот каде се потребни ниски квалификации, односно во продажбата и услужните дејности каде и платите се најниски.
Целиот текст можете да го прочитате тука