Најмалку 77 луѓе ги загубија животите во силен земјотрес со интензитет од 7,8 степени по Рихтеровата скала што го погоди денеска Еквадор. Бројот на повредени досега е над 600 луѓе, соопштија властите во Кито.
Епицентарот бил на 27 км. југоисточно од Муиснеа, слабо населено подрачје.
https://youtu.be/OYH3dpSFh_I
Претседателот на Еквадор Рафаел Кореа прогласи вонредна состојба. Земјотресот бил на длабочина од околу 20 км. и се почувствувал во целата држава.
Властите апелираа до граѓаните да се евакуираат од крајбрежните подрачја стравувајќи дека може да биде предизвикана голема плима./МИА