Трговскиот центар во украинскиот град Кременчук бил погоден од проектил додека во него имало голем број луѓе, објавија бројни украински функционери, пренесува Гардијан.
Заменик-шефот на кабинетот на украинскиот претседател Кирил Тимошенко изјави дека во тој ракетен напад загинале најмалку две лица, а 20 се ранети.
Тој истакнал дека деветмина повредени се во тешка состојба по ракетниот напад врз градот Кременчук.
⚡️ Volodymyr Zelenskyy published a video of a fire in a shopping center in Kremenchug
"The occupiers launched a missile strike at shopping center. There were more than a thousand civilians. The mall is on fire, rescuers are extinguishing fire, number of victims is unimaginable." pic.twitter.com/Src2qh3Tdf
— NEXTA (@nexta_tv) June 27, 2022
Кременчук, индустриски град со 217.000 жители пред руската инвазија на Украина, е местото на најголемата рафинерија за нафта во земјата.
Снимките кои кружат на социјалните мрежи покажуваат оган и чад од целиот трговски центар, како и противпожарни возила паркирани во близина. Видеото очигледно е дистрибуирано од Зеленски, но сè уште не е независно потврдено.
Според Би-Би-Си, ова не е првпат градот да биде погоден од руски ракети. Претходно во војната, руски ракети ја погодија нафтената рафинерија Кременчук и друга инфраструктура.
Тогаш гувернерот на Полтава, Дмитро Луњин, изјави дека рафинеријата за нафта била „целосно уништена“ по нападот.
Според украинскиот попис од 2021 година, Кременчук има 217.710 жители. Тој е еден од најголемите индустриски градови во Украина.