(видео) Напад во Запорожје: Експлозив бил фрлен на само пет метри од складиштето за гориво во нуклеарката

Како што објасни директорот на ЗНПП, Јуриј Черничук, во видеото, експлозивната направа била фрлена „на пет метри од оградата на складиштето за гориво“

од Бети Божиноска
279 прегледи

Украински војници се обиделе да нападнат критична инфраструктурна постројка во нуклеарната централа во Запорожје, објави денеска прес-службата на нуклерката на „Телеграм“.

„Запорожје“ е најголемата нуклеарна централа во Европа, а од 1 септември 2022 година таму постојано се присутни експерти на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

„Експлозивна направа без омот била фрлена близу оградата на коплексот зад која се наоѓаат резервоарите за дизел гориво. Да беа погодени резервоарите, ќе имаше непроценливи последици“, се наведува во пораката.

Како што објасни директорот на ЗНПП, Јуриј Черничук, во видеото, експлозивната направа била фрлена „на пет метри од оградата на складиштето за гориво“. Прес-службата потсети дека (МААЕ) во своите изјави укажува на недозволивост на вакви напади, но дека гранатирањето сепак продолжува.

„Пред само неколку дена во нукеларната централа поминаа во ротација експерти на МААЕ. Инспекторите се свесни за фактот на ова пристигнување и за можните последици“, се вели во соопштението.

Украинските сили извршиле напади и во Белгород, каде штозагинал еден возач, а уште три лица се повредни, информираше на својот канал на „Телеграм“ гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков.

„Нашиот систем за ПВО собори осум воздушни цели над Белгород и Белгородската област. Според прелиминарните податоци, возачот загинал во судар со патнички автомобил пре нападит,“ вели Гладков, додавајќи дека притоа биле повредени други две жени и еден маж.

„РИА новости“ го цитираа руското Министерство за одбрана кое соопшто дека украинските војници истрелале осум гранати од повеќецевни ракетни системи во областа Белгород околу 8:30 часот по локално време, и сите биле соборени во воздух. Во Белгород се оштетени две куќи, а во една од здравствените установи е оштетен покривот.

Слични содржини