(ВИДЕО) Народот исфрли од општинска сала функционер на СНС

од Milan1
330 прегледи

Бурно беше овој петок во српската општина Богатиќ. Гласно и бучно. Наместо јавна расправа за општинскиот просторен план, кој, според мештаните, ќе се однесува и на истражување на литиум, дошло до упад во општинската зграда, а потоа и отстранување од салата на шефот на советничката група на Српската напредна  партија, Синиша Шевиќ, пренесува „Н1 телевизија“.

„Не дозволуваме полемики околу отворањето на рудникот. Не сфаќаат дека овој народ е на ивица на трпението. Нема да дозволиме никаков разговор. Јасно е кажано дека нема да има екстракција на литиум и бор“, изјави Милан Пајиќ, еден од демонстрантите.

„Ова е наша показна вежба и ќе се одржи и во Владата на Србија и во Белград“, додаде тој од говорницата на општинското Собрание во  Богатиќ и ги повика сите да ја напуштат салата.

Слични содржини