Капсулата OSIRIS-REx со собраниот примерок од астероид слета на Земјата во неделата, а започната е и процедурата за безбедно извлекување на материјалот од нејзината внатрешност. Беше однесен во вселенскиот центар Џонсон на НАСА, каде што капакот беше отворен во посебен оддел за да се избегне контаминација. Пронајдена е „црна прашина и остатоци“, а главниот контејнер се уште не е отворен, пренесува IFL Science.
Капсулата врати приближно 250 грама недопрен материјал од астероидот Бену, најголемата колекција на космички материјал надвор од Месечината. Во средата, тимот го отстрани капакот на канистерот и откри темна прашина и честички со големина на песок, најверојатно од астероидот. Ова е многу добро за механизмот за собирање примероци „Touch and Go“ што допрва треба да се отвори (TAGSAM).
TAGSAM е инструмент кој се користи за собирање материјал од површината на Бену и бара многу комплицирано расклопување. Материјалот ќе биде максимално изолиран, а целата процедура за отворање се вежбаше изминатите неколку месеци.
– Овие операции се одвиваат во нова лабораторија дизајнирана специјално за мисијата OSIRIS-REx. Алуминиумската обвивка е отстранета под посебни услови, напиша во блог Шанеква Верин од вселенскиот центар Џонсон на НАСА.
TAGSAM ќе биде одвоен од останатите и префрлен во сопствената „кутија за ракавици“ за да се отвори. Во тој процес, TAGSAM ќе биде преместен во затворен сад во кој континуирано ќе се пумпа азот бидејќи е инертен, нереактивен гас кој ја задржува влагата и кислородот.
– Тимот е многу фокусиран и со неверојатна прецизност ќе пристапи кон деликатното отстранување на хардверот за да не дојде во контакт со внатрешниот примерок, изјави Верин.
Големото откривање ќе се случи во живо. НАСА на 11 октомври ќе емитува специјална емисија за време на која ќе го прикаже целосниот процес на расклопување на TAGSAM и ќе открие што има внатре.