ВИДЕО: Насилни протести во Литванија поради Ковид потврдите

од Берта Китинска
249 прегледи

Околу пет илјади лица вчера протестираа пред парламентот во Литванија поради здравствените потврди кои на Литванците наскоро ќе им бидат потребни за влез во рестораните, продавниците, јавните превози и други места, додека владата на балтичката земја размислува за нови мерки против коронавирусот, пренесува ТАС.

Главниот комесар на полицијата на Литванија, Ренатас Пожел, соопшти дека е покрената прелиминарна истрага и дека организаторите на протестите се соочуваат со сериозни казни.

Како што се вели во извештајот на полицијата, демонстраторите не им дозволиле на политичарите да излезат од парламентот, а потоа фрлале камења и шишиња кон полицијата, при што повеќе лица биле повредени.

Слични содржини