Македонија може само да се гордее со своите три учеснички во регионалното музичко натпреварување „Пинкови ѕвездички“. Мартија, Антонија и Елена со вчерашните настапи си обезбедија место во полуфиналните вечери.
Антонија Гиговска ја испеа просто маестрално и со неверојатна контрола и емоција евровизиската нумера „Иза осмеха/Shelter”.
Кумановката Мартија Станојковиќ, пак, се претстави во денс верзија со хит од еден од судиите на жирито, Милан.
Стружанката Елена Бимбиловска, најпрво ја изведе фантастично “Црно и Бело“ на Калиопи, а потоа се најде во дуел изведувајќи ја баладата на Жељко Јоксимовиќ „Није моја љубав ствар“.
Ова беше последен пат кога жирито одлучуваше за судбината на сите кандидати кои се најдоа во една група. 17-те полуфиналисти сега ќе бидат поделени во две полуфинални вечери, а за нивната судбина и победа ќе одлучува публиката.
https://www.youtube.com/watch?v=4j1WfXX0moQ
https://www.youtube.com/watch?v=nZ_sxCZTQOw
https://www.youtube.com/watch?v=lenmM5Kkblg