Трите македонски учеснички кои останаа во натпреварувањето „Пинкови ѕвездички“ успешно настапија на првата полуфинална вечер и си обезбедија место во наредните.
Овој пат натпреварувањето го напуштија Теодора и Амна.
Мартија Станојковиќ се претстави со хит на Наташа Бехвалац, Антонија Гиговска со познатата балада “Listen“ на Бијонсе, додека Елена Бимбиловска со евровизискиот хит “Euphoria“.
Оваа вечер за првпат жирито не даваше свои гласови, туку за учеството на ѕвездичките почна да одлучува публиката. Од вчера телефонските линии за гласање ќе бидат отворени сè до финалето, а во текот на наредните полуфинални вечери ќе бидат направени уште неколку пресеци со кои ќе се намалува бројот на натпреварувачи.