Нашиот прекрасен претставник Трајче Георгиев од Струмица кој беше еден од фаворитите на шоуто уште од почетокот на шоуто „Пинкови ѕвездички“ заврши втор во битката помеѓу него и Марија Сердар.
Трајче кој сега има 14 години преживеа подеми и падови на самодовербата, од срамежливо мало момче се претвори во голем пејач, но во ниеден момент не престана да воодушевува со својот талент.
Струмичанецот во финалната емисија се претстави со песните „I just called to say i love you”, „Јано мори“, „I who have nothing“, „Pray“. За вечерта тој најави дека ќе настапи со неговата омилена македонска изворна песна која ја чувал токму за последниот настап. Песната „Pray“ пак ја изведе свирејќи на пијано.
Инаку Георгиев од жирито освои многу пофалби за неговите маестрални изведби и за емоциите кои ги пренесува на сцена, а пејачката Гоца Тржан го покани да и биде специјален гостин на нејзиниот настап на 19 јули во рамките на прилепски Пиво фест.
Победникот во вчерашното издание на суперфиналното шоу „Ѕвездичките на Пинк“, беше Марија Сердар, 13-годишната девојка со неверојатен глас, која воодушеви уште од првата своја аудиција и ја доведе Јелена Томашевиќ до солзи.
https://www.youtube.com/watch?v=9Gsrev6QDyI
https://www.youtube.com/watch?v=AKrjwzkzNtg
https://www.youtube.com/watch?v=nJe1_4FXvi4
https://www.youtube.com/watch?v=MZoa_JFRj5A