Вчеравечер се одржа втората полуфинална вечер на Евровизија каде настапи и нашата претставничка Јана Бурческа.
Таа во Киев на сцената ја отпеа „Dance alone“ сосем сама, како што гласи и текстот.
Пред започнувањето на нејзиниот настап, во поздравната шпица, Јана (23) сподели една многу неочекувана вест, имено дека е бремена и наскоро ќе стане мајка.
За нештата да станат уште подраматични, веднаш по завршувањето на претставувањето на учесниците, нејзиното момче го искористи времето определено за интервју за да ја запроси. 
Сепак, и покрај емотивните моменти и добриот настап, Јана не успеа да се пласира во финалето, така што ова е уште една година во која Македонија нема да настапи на главната евровизиска вечер.