Милица Дејанович, која има 30 години, со неверојатна леснотија отпеа една од најчесто претставуваните песни на Бијонсе „Listen“, токму поради фактот дека е инаку една од најтешките за изведба.
Милица од Ниш по својот настап покрај четири „Да“, за првпат во ова шоу доби ветување од Александра Ковач дека ќе ѝ напише песна.
Девојката инаку три години пеела во кавер бенд, а претходно во хор и акапела состав.