74
Британската актерка Хелен Фланаган е една од најактивните на Инстаграм каде често ги објавува своите провокативни изданија. Хелен сака да не задоволува со некои провокативни кадри додека се подготвува за град, па така и овој пат направи нешто слично.
Актерката сега позираше во розов фустан со светки со голем акцент на деколтето, па не очекувавме ништо помалку од неа.
View this post on Instagram
Нејзиниот барби фустан беше комплетиран со големи златни копчиња кои се истакнаа во видеото, а Хелен уживаше во позитивните коментари.
Во исто време Хелен зад себе остави многу тежок период по разводот со фудбалерот Скот Синклер со кој имаше три деца. Сепак, по сите психолошки проблеми со кои се соочи, Хелен ја нашла среќата со десет години постариот Роби Талбот.