(ВИДЕО) Нема крај на катастрофите во Шпанија: Поплавите ја опустошија Валенсија, бројот на жртвите расте, а доаѓаат нови врнежи

од Илинка Илиоска
764 прегледи

Страшни поплави ја погодија Шпанија, а најтешко беше Валенсија. Повеќе од 150 луѓе загинаа, а се претпоставува дека има уште исчезнати. За жал, оваа несреќа не е завршена бидејќи вчера пристигна ново предупредување за очекувани врнежи.

Повеќе од 1.200 работници се распоредени во спасувачката мисија бидејќи предупредувањата за дожд остануваат на сила во Валенсија. На работниците им помагаат дронови кои бараат знаци на живот по калта и урнатините.

Не е јасно колку луѓе се уште се водат за исчезнати, но премиерот Педро Санчез истакна дека целта била да се спасат „што е можно повеќе животи“ додека ги посетувал погодените заедници.

Шпанската метеоролошка служба (АЕМЕТ) издаде жолти и портокалови предупредувања за тешко погодените Валенсија и Кастелон. Дождот, иако не се очекува да биде толку силен како оној што падна претходно оваа недела, е нов проблем за жителите. Бидејќи земјата е веќе заситена, понатамошните врнежи може да доведат до дополнителни поплави.

Катастрофата е најлошата во Шпанија во последните децении, а властите ги предупредуваат жителите дека вонредната состојба е далеку од завршена. Најмалку 158 луѓе загинаа во невремето, а спасувачките тимови сè уште трагаат по исчезнатите луѓе во урнатините.

Слични содржини