(ВИДЕО) Непознати мажи отворија оган врз полициската станица на Далас

од desk3
77 прегледи

Властите во американската држава Тексас соопштија дека неколку непознати мажи со автоматско оружје отвориле оган врз полицајци во близина на полициска станица во центарот на Далас, пред еден од нив да избега со ван кој според очевидци е оклопен, пренесоа американските медиуми.

Нема податоци за настрадани луѓе.

Началникот на даласката полиција Дејвид Браун за новинарите изјави дека пукањето започнало околу 12,30 часот по локално време, кога осомничените се приближиле до зградата и отвориле оган. Браун изјави дека мотивите за нападот врз полициската станица се уште се непознати.

655-402-policiia-sasht

Барем еден од осомничените избегал со ван, а удрил полициски автомобил. Започната гонење што завршило на паркинг крај автопат.

Полицајци преговараат со осомничениот , кој се претставил како Џејмс Булуер. Според зборовите на полицискиот началник тој раскажал дека полицајци го уапсиле неговиот син, кој бил обвинет за тероризам.

Мажот во ванот се заканил “да крене сите во воздух”.

Четири јакни биле пронајдени околу зградата на полициската станица, во една од нив имало експлозив, рече началникот Браун. Според него, барем четворица осомничени може да се вмешани во инцидентот, а некои од нив можеби се наоѓаат на позиции на високи места.

Жителите на околниот регион се евакуираат.

Видео клип на социјалните мрежи покажа како полицаец се приближува до црна ван со светилка, додека две полициски автомобили запираат до него. Потоа полицаецот нагло се завртува и бега, при што се слушаат истрели. Во друго видео ванот удира полициски автомобил.