Случајна расправија во продавница во Истанбул доведе до масовна тепачка што стана и хит на интернет. На кадрите се гледа како туристот од Ирска случајно удрил во фрижидер во продавница, при преминувањето крај него. Како резултат од ударот, шише со вода паднало и се скршило.Продавачот во продавницата реагирал бурно и кавга постепено преминува во борба. Против Ирецот се собираат десетина пријатели на трговецот, вооружени со палки, столици и други предмети.
Ова сепак не го плаши Туристот и го отргнува нападот, а собори еден од Турците со боксерски удар. Во коментарите под видеото многу од гледачите го одредуваат Ирец како “професионален боксер”.