(ВИДЕО) Нокаут снимија спот за преработката на италијанскиот хит “Penso Positivo“

од Vladimir Zorba
103 прегледи

Со доаѓањето на летото, и Нокаут решија да излезат позитивен и летен хит. Станува збор за cover верзијата на познатиот хит на италијанскиот музичар Џованоти, “Penso Positivo” снимен пред повеќе од 20 години. Бендот смета дека таа енергија, вајбот кој го има во песната и пораката која ја испраќа одлично го презентира сензибилитетот на новиот албум.pere-735x400

Специјален гостин во песната е ќерката на Пере, Михаела, која е задолжена за придружните вокали.

Тестот за македонската верзија го напиша Игор Џамбазов, а аранжманот го изработи Дарко Димитров. Песната има и свој, соодветен на неа, позитивен видеоспот, дело на Јован Куциновски.hqdefault.jpg13

Видео записот за песната е снимен во продукција на Emotion, а во режија на Јован Кучиновски.

“Целиот процес на снимање и на синглот и на спотот, беше баш таков каква што е песната, позитивен. Се надеваме дека ќе успееме да го пренесеме тој позитивен бран и врз публиката. Да ги потсетиме дека позитивната мисла прави чуда”, вели Никола Перевски.