Том Брејди е во срцето на сериозна дебата по објавувањето на видео на Фејсбук во кое го бакнува неговиот 11-годишен Џек Џек долго време.
Во видеото ѕвездата на американскиот фудбал лежи на маса и добива масажа кога детето влегува во собара и бара дозвола да провери нешто. Во одговорот Том прашува: “Што ќе добијам” и тогаш малиот син го бакнува набрзина на усните. Реакцијата на Брејди е: “Тоа беше многу набрзина” и детето се враќа за втор бакнеж, која трае релативно подолго.


Фото: Instagram
Многу Американци реагираа негативно на прикажаното и го осудија однесувањето на сопругот на Жизел Бундхен како неморално, а медиумите дури побараа мислење од семејни терапевти, за да разрешат дали спортистот поминал некои родителски норми. Ни тој, ниту неговата сопруга не го коментираа “скандалот”.