Двајца полицајци загинаа, а други двајца се борат за живот.
Полицијата во американскиот град Батон Руж, во државата Луизијана, е во потрага по убиецот, кој отворил оган и пукал кон 8 полицајци. Најмалку двајца од нив се починати соопшти RT, повикувајќи се на локалните медиуми.
Други двајца од повредени и се во тешка состојба.
Стрелец е на слобода, а полицијата се обидува да надмине ситуацијата. Инцидентот се случил во трговски центар во градот.
Во Батон Руж овој месец беше убиен Алтин Стирлинг, чија смрт беше снимена и емитувана на Фејсбук од неговата сопруга. Овој и уште неколку случаи на насилство на полицајци против црнците предизвикаа масовни протести, а за време на една таква демонстрација во Далас снајперист стрелаше кон 9 полицајци.
