„Ghosttown“ е втор сингл од новиот албум на 56-годишната пејачка, насловен „Rebel Heart“.
Во видеото режирано од Јунас Окерлунд, кралицата на поп музиката трага низ град пост апокалипса, пред да се сретне со актерот Теренс Хауард, кој моментално е актуелен со серијата “Empire”.
На 29-ти август оваа година Мадона ќе ја започне новата светска турнеја на која ќе го промовира албумот.