(ВИДЕО) Новиот руски тенк “Армата” , угаси на пробата за парадата во Москва

од desk3
89 прегледи

Еден од тенковите од новата генерација – “Армата”, иззгаснал за време на генералната проба на Црвениот плоштад и останал спроти мавзолејот на Ленин до крајот, објавија локалните медиуми. По запирањето пред него застанал влекач кој го закачил со челични јажиња, но на крајот Тенкот го напуштил плоштадот самостојно.

Случката предизвика бројни коментари дали имало хаварија со еден од првите примероци на гордоста на руската воена индистрија Т-14 “Армата” кој беше прикажан со церада на куполата.

Објаснувањето на заменик-директорот на фабриката “Урал вагоностроителен” каде е изработен тенкот, е дека возачот многу се возбудил. “Замислете колку се возбудени момчињата кои за првпат управуваат со нова техника. Обуката уште продолжува”, напиша Алексеј Жарич на неговиот профил на “Твитер”, но потоа тоа порака беше повлечена.

Наместо таа се појави друга порака: “борбената машини е предадена на вооружените сили од Уралвагонзавод за тестирање во рамките на оружените можности. Тие се целосно исправни”.

Според специјалисти за одбрана воведувањето на масовното вооружување со “Армата” ќе започне од 2020г. “Оружје не се создава со магично стапче, туку се потребни дополнителни случувања, рече во јануари минатата година генералниот директор на Уралвагонзавод -Олег Сиенко.” На пример Т-72 беше создаван 7-9 години, за изработката на Т-90, исто така беше потребно доста време . Сега направивме апсолутно нова машина за 2 години. ”