ВИДЕО: Њујорк и годинава со една од најсепктакуларните новогодишни прослави

од Aleksandar Todeski

Њујоршкиот Тајмс сквер и годинава беше местото каде можеше да се види една од најспектакуларните новогодишни прослави во светот. Насобраните ги броеја последните секунди од 2019 година додека се спушташе светлечката кристална топка.

Пред полноќ, луѓето ја запеаја и „Imagine“ на Џон Ленон додека врз беа фрлени околу 1.360 кг конфети.

Во Њујорк настапија и рап-поп-sвездата Пост Малоун, Корејскиот БТС, Сем Хант и Аланис Морисет.

Откако полицијата во Њујорк почна да казнува за пијанство на јавни места пред неколку години, „Тајмс Сквер“ стана „натпревар на издржливост“ на новогодишната ноќ, исто толку и бурна прослава. Илјадници полицајци беа распоредени во тој дел од градот надгледуван и од околу илјада бебзедносни камери, дронови со термални камери.

Слични содржини