(ВИДЕО) Обама се расплака во текот на говорот за контрола на оружјето

од Vladimir Zorba
56 прегледи

Американскиот претседател Барак Обама од Белата куќа ги повика Американците да се разбидат пред потребата да се стави точка на вооруженото насилство кое секоја година во САД зема десетици илјади животи.

140365399568c093b6401a635158998_v4_big (1)

Обама, низ солзи потсети како 20 ученици во основно училиште беа убиени во престрелка пред три години во Њутаун во Конектикат.

„Секогаш кога ќе помислам на тие деца, полудувам. Затоа сите ние мораме да побараме од Конгресот да биде доволно храбар да се спротивстави на лагите на вооруженото лоби“, истакна тој.

„Вооруженото лоби можеби во овој момент го држи Конгресот како заложник, но не можа да ја држи како заложник цела Америка.“, истакна американскиот претседател.

„Проблемот е што некои продавачи на оружје оперираат под други правила“, вели Обама.

Обама настојува да го заобиколи Конгресот во кој поголем број се републиканци и кои и претходно ги блокираа неговите напори да ја заостри контролата на оружје.

Тој ги обвини републиканците и некои демократи дека зад нив стои моќното лоби на индустријата за оружје, кои се противат на овие мерки, за кои како што вели ги поддржува мнозинството Американци.

https://www.youtube.com/watch?v=5ZmGXvDJ5gI