(ВИДЕО) Обновено- вознемирувачи слики: 10 мртви и 40 повредени по експлозиите на аеродромот Ататурк во Истанбул

од Vladimir Zorba
104 прегледи

tela

На аеродромот во Истанбул одекнаа две експлозии, а можеа да се слушнат и истрели, пренесуваат светските медиуми. Неофицијално – околу 40 се повредени. Прелиминарно, според ХаберТурк: 10 маченици, 20 повредени.

Неименуван турски официјален претставник за Ројтерс вели дека причината за експлозиите се бомбаши самоубијци. Како што се наведува, истрелите и пукотниците можеле да се слушнат од паркингот на аеродромот.

Сведоците велат дека таксистите ги транспортираат повредените од аеродромот, кон болниците.

На социјалните мрежи се објави неколку фотографии кои го покажуваат на аеродромот по експлозијата, а видео исто така сведочи дека службите за итни случаи веднаш доаѓаат на местото на настанот. Покрај тоа, може да се видат и тела на земјата, но не се знае дали тие се повредени или мртви. Неколку терористички напади во Турција се извршија во текот на последните неколку месеци. Ататурк е најпрометниот и најголем аеродром во Турција. Предупредување, сликите се вознемирувачки.